Петровиќ: Најдоски беше пример, многу важен играч за Црвена Звезда

Бројни беа „ѕвездите“ во шампионскиот тим на Црвена Звезда што пред 29 години се закити со трофејот во Лигата на шампионите по легендарниот триумф над Олимпик Марсеј. Панчев го реализираше победничкиот пенал, тука беа уште и Савичевиќ, Просинечки, Југовиќ, Белодедиќ, но тренерот Љупко Петровиќ во своите изјави за големиот успех никогаш не заборава да го истакне и вториот Македонец од таа шампионска генерација на „црвено-белите“, дефанзивецот Илија Најдоски.

„Најдоски беше играч што сите го слушаа, многу значаен фудбалер за Црвена Звезда. Тој беше пример за залагање и за борбеност, што му даваше за право во одредени ситуации и да викне по соиграчите“, истакна тренерот Петровиќ.

Најдоски по големиот успех со Црвена Звезда се пресели во шпанскиот прволигаш Валјадолид, по што следеа и трансфери во Денизли, ЦСКА Софија и во швајцарски Сион, по што големиот борец ја заврши кариерата.

Се вчитува...