Петровиќ: Олимпија повеќе ја посакуваше победата

МЗТ Скопје го претрпе четвртиот пораз во АБА лигата, четвртти од претендентите за титула. Овој пат на патот на аеродромци застана Олимпија која во Љубљана ги оправда своите очекувања па и покрај тоа што „сино-белите“ имаа егал натпревар до 18. минутa, немаа ни шанси за победа во продолжението од средбата.

Тренерот Александар Петровиќ причината за поразот го најде во лошата игра во одбраната на крајот на втората и третата четвртина, но и во скок играта која беше во полза на Словенците.

„И честитам на Олимпија за извонредната партија и победата. Поразот го гледам во втората и третата четвртина во која ни се распадна одбраната. Во рекетот не успеавме да го сопреме Омиќ, тие имаа и повеќе желба за победа, десетте скока повеќе сами говорат за тоа. Ги натреавме на повеќе изгубени топки, но тоа денеска не беше доволно за нашиот тим“, изјави Петровиќ.

За следниот натпревар во регионалното првенство МЗТ Скопје се враќа во СЦ „Јане Сандански“ каде ќе го пречека Морнар.

Се вчитува...