Петровиќ пред Сплит повика на мобилизација: Песната на навивачите многу ќе ни значи во еден ваков натпревар

МЗТ Скопје нема право на грешка во денешниот натпревар против Сплит од 19 часот доколку сака да ги задржи шансите за опстанок во АБА лигата. Аеродромци веќе потфрлија во натпреварот против Борац Чачак, па се освен славје против хрватскиот состав може да биде кобно по статусот во регионалното првенство.

Тоа добро го знае и тренерот Александар Петровиќ кој ги повика навивачите да ја исполнат салата во „сино-бело“ и како шестти играч да помогнат во значајна победа.

„Нашата желба е во мечот против Сплит да излеземе со голема енергија и да дадеме се од себе и да функционираме како тим. Добро го познаваме противникот, знаеме кои се нивните најдобри страни, но и слабости кои ќе се обидеме да ги искористиме и на крајот да се радуваме. Повторно ги повикувам нашите симпатизери и навивачи да дојдат да ни помогнат. Нивната песна и тоа како ќе ни биде значајна на еден ваков натпревар“, вели Петровиќ.

Се вчитува...