Петровиќ си замина од клупата на Хрватска, нов селектор – Ивица Скелин

Александар Петровиќ повеќе не е селектор на Хрватска, откако го раскина договорот со Кошаркарската Федерација на оваа земја по неуспешниот настап на Евробаскет 2017. И Петровиќ и челниците на федерацијата се сложни дека елиминацијата во осминафиналето е неуспех за „коцкестите“, поради што на денешниот состанок беше донесена заедничка одлука соработката да биде прекината, а Петровиќ своето место да го отстапи на друг стручњак.

Хрватската Кошаркарска Федерација за утре закажала прес-конференција, на која се очекува да биде промовиран новиот селектор. Иако се најавуваше дека фаворит за оваа трка е Анте Назор, екс-тренерот на МЗТ Скопје сепак нема да биде промовиран во кормилар на националниот тим бидејќи изборот на челниците на федерацијата паднал врз Ивица Скелин.

Станува збор за стратег што му беше асистент на Петровиќ на ОИ во Рио, како и на Евробаскет 2017, кој истовремено е и шеф на стручниот штаб на Сплит.

Се вчитува...