Милован Петровиќ по заминувањето од Работнички се реши за нов меѓународен предизвик, продолжувајќи ја кариерата во Црна Гора. Поранешниот македонски репрезентативец е нов член на црногорскиот првак Сутјеска, со кого потпиша едногодишен договор.
Од Сутјеска го официјализираа трансферот на екс-фудбалерот на Работнички, кој ќе му се приклучи во Никшиќ на поранешниот член на Вардар, Дамир Којашевиќ. Петровиќ ќе има право да настапува за новиот клуб и во следното коло од европските купови, без разлика дали Сутјеска ќе продолжи во квалификациите за ЛШ или ќе се префрли во квалификациите за Лигата на Европа.
Милован Петровиќ има 29 години, а во кариерата има настапувано и за Тиквеш, Победа, Осијек во Хрватска и Лариса во Грција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА