Петровиќ: Во АБА одиме од натпревар во натпревар без „бело знаме“, ќе целиме и да промовираме играчи

Македонската кошарка повторно ќе има претставик во АБА првенството откако МЗТ Скопје претходната сезона се избори за место меѓу најдоброто од „Јадранот“. Повратничкото деби на „штковите“ ќе биде против актуелниот шампион Црвена Звезда, натпревар кој ќе биде одигран во сабота со почеток од 20 часот.

Тренерот Александар Петровиќ очекува тешка сезона во која на секој натпревар од АБА лигата ќе гледа како финале. Целта е да се опстане, но и против големите клубови нема да се настапи со „бело знаме“.

„Не очекува интересна и тешка сезона. Пред се, кажав дека МЗТ оваа година ќе напаѓа на сите домашни титули, а примарна цел е да се опстане во АБА лигата. Ова натпреварување е меѓу трите најдобри во Европа. Веќе в сабота не очекува дуел со Црвена Звезда, евролигашка екипа со голем буџет кој е можеби десет пати поголем од нашиот. Сепак, нема да одиме со бело знаме, ќе дадеме сè од себе колку што можеме. Имаме и повредени играчи, одиме да се надигруваме и да уживаме. Во првите пет кола имаме четири средби со главните претенденти за освојување на АБА лигата. Очекувам добра сезона, да не служи здравјето, задоволен сум од работата на играчите на тренинзите и натпреварите. Единствено последниот тест со ПАОК паднавме, вчера го освоивме Суперкупот со добра игра во нападот. Ќе работиме повеќе на одбраната, очекувам добра сезона со надеж за помалку повреди“, изјави Петровиќ кој потоа се осврна и на промените во составот од претходната сезона

„Кога дојдов назад во МЗТ ситуацијата беше поинаква. Составот покажа квалитет, се изборивме лесно за титулата и влез во АБА. Сакавме да го подмладиме тимот, проблем беше стартоста на играчите. Овој тим сега не е нешто поквалитетен, туку помлад. Сакам со многу трчање и транзиција да дојдеме до добар резултат. Во текот на сезоната ќе промовираме уште млади играчи, иако конкуренцијата во АБА е тешка. Низ домашното првенство ќе им даваме шанса на помладите“

Како што вели Петровиќ, МЗТ Скопје во сезоната ќе цели и на промоција на млади играчи, а шансата се очекува да добијат турскиот центар Самет Јигитоглу и младиот Бојан Величковски.

„Во текот на сезоната ќе видите сигудно промовирање на еден до двајца млади играчи. Сепак, гледате и сами дека во сите клубови во АБА лига домашните играчи се во подредена улога. МЗТ како клуб многу очекува од Јигитоглу, а го истакнувам и Бојан Величковски кој со само 16 години. На пријателските натпревари играше по 15 минути, а и покрај тоа што не доби шанса на вчерашниот натпревар од Суперкупот ќе добие шанса во домашните натпревари“.

Се вчитува...