Петровиќ: Во одбрана бевме шупливи како сирење

МЗТ Скопје одигра уште еден одличен напаѓачки натпревар во АБА лига, но истиот не беше доволен за да се избегне пораз од 96-90 на гостувањето кај Игокеа. Аеродромци без инфериорни во одбраната па во поголемиот дел имаа негатива, а и покрај тоа што успеаја да се вратат во игра и да поведат во последната четвртина, не успеаја и да го задржат водството.

Тренерот Петровиќ по натпреварот не го криеше разочарувањето од одбраната која дозволи 56 поени во првото полувреме…

„Ова беше интересен натпревар, дојдовме до ситуација да поведеме на две минути пред крајот, меѓутоа Харис Делалиќ погоди две тројки, имаше и влез и ја донесе победата за Игокеа. Можам да сум задоволен од второто полувреме, бидејќи во првото не го одигравме договореното, обраната ни беше шуплива како сирење. Во продолжението ја променивме одбраната, конечно натскокавме една екипа, и тоа тим како Игокеа кој е многу добар во сегментот на офанзивни скокови. Имавме шанса која ја испуштивме, па се насочуваме кон следното коло и мечот со Борац“, изјави Петровиќ.

Се вчитува...