Единствениот македонски претставник на Светското првенство во друмски велосипедизам кое се одржува во Берген, Норвешка, Андреј Петровски заврши на 105. место од вкупно 178 натпреварувачи на стартот.
Петровски, во категоријата до 23 години, на патеката долга 191 километар на крајот заврши на 105-та позиција со време од 4 часа и 59 минути.
Првото место го освои Французинот Бено Коснефрој со време од 4:48.23 часа, пред Германецот Камна и Данецот Свендгард.
Претходно, Андреј Петровски настапи и на индивидуалниот хронометар завршувајќи на 51. место.Веќе две натпреварувачки сезони Андреј Петровски, во желбата за дополнителен свој развој во овој спорт, ги брани боите на францускиот клуб Монако.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА