Пецаковски за Пролет: Доаѓам во добро организиран клуб

Поранешниот македонски репрезентативец Дејан Пецаковски го комплетираше трансферот во редовите на Пролет. Искусниот бек пристигнува во Пролет од таборот на Металург, потпишувајќи едногодишен договор со новиот клуб.

„Доаѓам во добро организиран клуб, кој отсекогаш важел за незгоден ривал за фаворитите. Кога и да сум доаѓал овде, дали со Зомимак, Металург или со Вардар, секогаш било тешко да се стигне до бодови против Пролет. Се надевам на успешна сезона во новиот клуб“, истакна Пецаковски.

Задоволни од реализацијата на овој трансфер се и челниците на скопскиот суперлигаш.

„Пецаковски ќе биде одлично засилување за нашиот тим. Среќни сме што ќе го имаме во тимот, исклучително е задоволен што потпиша за Тинекс Пролет, покажа желба да стане дел од нашиот клуб. И претходно постоеше интерес, но трансферот реализиран летово е на задоволство на двете страни. Тој е интелигентен ракометари, добро ја следи играта, ја познава лигата и ќе нема никакви проблеми да се адаптира во нашиот тим“, изјави директорот на Тинекс Пролет, Сашо Огњеновски.

Се вчитува...