Пеце Рајатоски ја продолжува кариерата во Германија

Десниот бек на Голден Арт и поранешен младински репрезентативец, Пеце Рајатоски ја продолжува својата играчка кариера во Германија.

Битолчанецот Рајатоски пред стартот на тековната сезона се приклучи на тимот на Голден Арт и допринесе за одличните резултати на клубот во есенскиот дел од сезоната, каде Голден Арт е на делба на првото место со РК Алкалид од Скопје.

„Иако Рајатоски е многу важен за нашиот колектив, и ќе недостасува за поголема конкурентност на клубот во остварување на амбициите за сезоната која е во тек, Голден Арт го прифати барањето на ракометарот Пеце Рајатоски, својата кариера да ја продолжи во Германија и со тоа во ниту еден момент недозволувајќи клубот да биде пречка за неговиот понатамошен развој. Клубовите меѓу себе се договорија за премин на ракометарот во новата средина со надеж дека во иднина таа соработка ќе се издигне на повисоко ниво. Голден Арт како колектив во кој партиципираат исклучиво македонски ракометари, ќе работи на промоција на ракометот во Македонија и развивање на македонски производ, со крајна со цел истиот во иднина да ја преставува нашата земја на меѓународно ниво. Благодарни сме за неговиот придонес и очекуваме Рајатоски достојно да го преставува клубот и Македонија во странство“, изјави Сашко Даев, претседател на клубот. 

Се вчитува...