Пеце вети, Перо исполни – кошаркарите ги добија премиите

Кошаркарските репрезентативци на Македонија ги добија ветените премии од 750.000 денари за успехот во претходниот претквалификациски циклус и пласманот во главните квалификации за Евробаскет 2021. Висината на премиите беше одредена од страна на претходното раководство на федерацијата предводено од Петар Наумоски, а новиот претседател Перо Антиќ го реализираше ветувањето на својот претходник.

„Да се исплати премија на сениорската машка репрезентација во вкупен нето износ од 750.000 денари, за остварен пласман во квалификациите за Европско првенство 2021, како први во група со кош разлика“, се вели во одлуката на Управниот Одбор на КФСМ.

Од куќата на кошарката информираат дека финансиските надоместоци веќе се префрлени на сметките на кошаркарите кои на Македонија и донесоа учество во квалификацискиот циклус на едно големо натпреварување, преку кое се очекува враќање на македонската репрезентативна кошарка онаму каде што и е местото.

Се вчитува...