Петте можни противници за Работнички во ЛЕ: Хонвед, Рига, Милсами, Рудар Плевља или Балзан од Малта!

И Работнички ги знае петте можни противници за 1. квалификациско коло за Лигата на Европа по поделбата на подгрупите од страна на УЕФА пред ждрепката во Нион, во среда од 13 часот.

„Романтичарите“ се носители во првото квалификациско коло па сосема очекувано добија и потенцијални полесни противници.

Но, за Работнички, кој се најде во Групата 7 за утрешната ждрепка, како можен противник е и унгарскиот Хонвед, нималку наивна екипа… Останатите четири екипи се Милсами Орхеи од Молдавија, Рудар Плевља од Црна Гора, Рига од Летонија и Балзан од Малта.

Првите натпревари од 1. квалификациско коло за ЛЕ се играат на 12. јули, а реваншите се на 19. јули.

Се вчитува...