Пијаниот Тајсон за малку ќе го претепал Џордан – „Мислиш дека сум глуп, знам дека спиеше со ку**ата“

Мајкл Џордан и Мајк Тајсон беа главна тема во деветесеттите години на минатиот век. Џордан Чикаго Булс ги водеше до шест титули во НБА лигата, додека Тајсон имаше многу проблеми, а заврши и во затвор поради силување. Поранешниот менаџер на Мајк Тајсон, Рори Холовеј во книгата „Челичниот Мајк“, открива дека тој бил подготвен во една ситуација да го претепа Џордан.

„На роденденот на НФЛ играчот Ричард Дент, Мајк седеше и го пиеше својот омилен пијалок, а кога ќе се напие, неговите вистински чувства излегуваат од него. На келнерите им реков да му стават вода, бидејќи видов во која насока оди ситуацијата, бидејќи Мајк ја гледаше масата на која седеше Џордан. Му довикна на Мајкл: Еј што мислиш дека сум глуп? Знам дека спиеше со мојата к**ка. Џордан изгледаше како да видел дух“, изјави Холовеј. 

Во периодот на пандемијата од коронавирусот и суспендирањето на спортот во светот, приказните кои ги раскажуваат Мајк Тајсон и Мајкл Џордан се главна тема во спортските медиуми во светот.

Се вчитува...