Пик Сегед ја шокираше Барса на почетокот од ЛШ

Првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите го донесе и првото големо изненадување, откако Барселона загуби на гостувањето против Пик Сегед со 31-28. Унгарскиот вицепрвак одигра извонреден меч, а до победата дојде пред се благодарение на одличното прво полувреме во кое водеше со 18-11. Во главна улога беше голманот Миклер, кој одбрани два седмерци во првите пет минути и го заврши полувремето со девет интервенции, трасирајќи го патот до големата победа.

Каталонците се приближија со 27-26, потоа и до 28-27, но Унгарците одиграа одлично во последните минути и ја задржаа тешко стекнатата предност. Македа со седум и Радивојевиќ со шест погодоци беа најефикасни во победничкиот тим, додека прв стрелец на Барселона при денешниот пораз беше Фабрегас со осум погодоци.

Далеку под своите можности одигра најголемото летно засилување на Барса, Лука Циндриќ, кој постигна само еден гол.

Се вчитува...