Пик Сегед немаше одговор за Хансен

ПСЖ ја забележа и третата европска победа во серија во групата во која се наоѓа и Вардар, откако „светците“ триумфираа на гостувањето против Пик Сегед со 29-32.

Унгарскиот вицепрвак имаше убава предност од 11-7, но потоа прими четири гола во серија, на одмор заминувајќи со само „плус еден“ (17-16). Првите петнаесетина минути од второто полувреме минаа во израмнета игра и надмудрување на теренот, по што при 26-26 ПСЖ повторно постигна четири гола во низа, поведе со 26-30 и си го трасираше патот до победата.

Микел Хансен беше прва виолина на ПСЖ и на овој меч постигнувајќи десет погодоци, а по шест пати прецизни беа Стајнс и Нахи, додека кај Пик Сегед по четири гола постигнаа Мачковшек, Банхиди, Степанчиќ и Калман.

Се вчитува...