Пик Сегед објави: Мечот со Вардар без публика!

Пик Сегед и Вардар ќе го одиграат и вториот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите без присуство на публика.

„Црвено-црните“ веќе објавија дека ќе ги следат препораките на Владата на РСМ и дуелите со Нексе и со Пик Сегед ќе ги играат пред празни трибини, а денеска истиот став го обелодени и раководството на Пик Сегед, прифаќајќи ги препораките на унгарските власти.

„Ги прифаќаме сите одлуки на Владата на Унгарија и на ракометната федерација, бидејќи здравјето сепак е најважно од се. Важна информација за сите оние кои имаат купено билети за следните дуели со Ференцварош, Орошаза и Вардар, парите ќе ви бидат вратени. Ве молиме да бидете трпеливи, враќањето на парите ќе се одвива во следниот период“, објави Пик Сегед на официјалната веб-страница.

Се вчитува...