Пике е новиот „гол-играч“ на Барса, Салцбург е „хит“ во ЛШ (ВИДЕО)

Барселона конечно успеа да стигне до првиот триумф сезонава во Лигата на шампионите, откако во 3. коло на домашен терен славеше со минимални 1-0 против украинскиот Динамо Киев.

Клучниот момент во натпреварот се случи во 36. минута, кога на асистенција на Жорди Алба, Жерар Пике донесе три бода за Каталонците. Во вториот меч во терминот од 18.45 часот Ред Бул Салцбург стигна до убедлив триумф над Волфзбург од 3-1.

 

 

 

 

Се вчитува...