Пике: Еве кој е виновникот што Меси си замина…

Жерар Пике не се согласува со делот од јавноста што го обвинува Жоан Лапорта за заминувањето на Лионел Меси. Според искусниот дефанзивец на Барселона, вината мора да се бара кај претходното раководство на клубот на чело со претседателот Бартомеу.

Токму Бартомеу ја доведе Барса на работ на финансиски колапс, клубот мора да ги намалува платите на фудбалерите, а токму преголемиот буџет на плати на играчи донесени од старата управа беше пресуден во него да не може да се најде месот и за Меси.

„Заминувањето на Меси? Виновно е старото раководство. Тоа беше многу лошо менаџирање, она што го гледавме во минатите неколку години. Мораше да дојде момент кога ќе се плати, за жал сега е тоа време. Ако историјата покажа нешто, тоа е дека знаеме да станеме и да се исправиме кога сме отпишани. Нормално дека е тешко, и заминува најдобриот фудбалер во историјата. Сепак, тоа ќе се случеше порано или подоцна, мораме да продолжиме без Лео. Јас верувам во оние што останаа и убеден сум дека ќе имаме успешна сезона“, изјави Пике.

Се вчитува...