Пике ја заврши репрезентативната кариера

Одбранбениот фудбалер на Барселона, Жерар Пике, одлучи да стави крај на настапите во репрезентацијата на Шпанија. Во пресрет на стартот на новата сезона, утрешниот дуел од Суперкупот меѓу Барселона и Севилја, Пике објави дека нема веќе да настапува за „црвената фурија“. Тој заминува во репрезентативна пензија со 102 настапи за селекцијата на Шпанија.

„Зборував со Луис Енрике и му ја соопштив мојата одлука дека е време да се повлечам од националниот тим на Шпанија. Имав навистина одлични мигови и среќен сум што бев дел од успесите“, изјави Жерар Пике.

Дефанзивецот на Барселона беше жестоко критикуван и поради својот став за независност на Каталонија, а фановите бараа тој да си замине од репрезентацијата на Шпанија. По неуспехот на „црвената фурија“ на Светското првенство во Русија, Жерар Пике ја донесе својата конечна одлука.

Се вчитува...