Пике: Гвардиола ми се налути кога почнав да се гледам со Шакира

Жерар Пике и Пеп Гвардиола поминаа четири години заедно на „Камп Ноу“ во кои успеаја трипати да ја освојат Ла Лига и двапати Лигата на Шампионите. Долги години по разделбата, легендарниот дефанзивец на Барселона сега откри детали од неговиот однос на шпанскиот стартег.

Имено, како што вели Пике перфектниот однос кој го имал со Гвардиола се променил откако започнал да се гледа со неговата сегашна сопруга Шакира. Тоа придонело во еден момент да биде и блиску до заминување од клубот.

„Во еден момент мојот однос со Гвадиола беше многу тензичен. Така беше впрочем и во целата соблекувална. Пеп е тренер кој сака да има апсолутна контрола на се, а во моментот кога почнав да излегувам со Шакира се промени и неговиот однос кон мене. Сега нашиот однос е перфектен, но чувствував многу голем притисок и во еден момент бев и блиску до заминување од клубот по сезоната 2011/12“, откри Пике.

Се вчитува...