Пике: Меси е еден од газдите на Дејвис-купот

Жерар Пике се обидува да го подобри имиџот на новоформираниот Дејвис-куп вклучувајќи го во целата приказна најдобриот фудбалер на денешницата, Лионел Меси. Дефанзивецот на Барселона беше жестоко критикуван од врвните тенисери бидејќи влегува во организација за натпреварување во спорт за кој нема никакво познавање. Пике почна со реализација на проектот, беше извршена и ждрепка за првата групна фаза, по што асот на Барса ја откри и вмешаноста на својот соиграч во целиот проект.

„Лео е упатен во велиот проект најмногу од сите бидејќи тој е дел од групацијата „Космос“ која е сопственик на Дејвис купот. Меси е еден од партнерите во семејството „Космос“, тој е вљубеник во тенисот. Ние сме познаваме 18 години, секогаш ги споделувам своите идеи со него, тој сакаше да биде дел од Дејвис-купот и јас сум горд што Лео е еден од партнерите во овој проект“ – изјави Пике.

Шпанскиот фудбалер се пофали дека го убедил Рафаел Надал да учествува во ова натпреварување, но потешкиот дел од задачата ќе биде да се договори со Роџер Федерер, кој е промотор на „Лејвер купот“, натпреварување што важи за конкурентско на она на Пике.

Се вчитува...