Пике не чекаше долго, се јави по победата над Реал и ги „запали“ фановите во Мадрид (ФОТО)

Барселона му одржа фудбалска лекција на Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ и победи со 0-4, а без оглед на тоа што овој резултат не прави голема разлика на табелата, навивачите на „кралскиот клуб“ сигурно ќе бидат бесни на изданието на своите миленици.

Карло Анчелоти ја загуби втората битка со Чави Ернандез и комплетно погреши со поставата во отсуство на Карим Бензема, но мора да се признае дека пред се загуби на тактички план.

Барса изгледаше перфектно и постигна четири гола во мрежата на Тибо Куртоа, но ако се суди реално, можеше да даде уште најмалку толку во еден катастрофален меч за Реал во дефанзивен план.

Џерард Пике одигра цел меч против вечниот ривал и оствари уште една висока победа на „Сантијаго Бернабеу“, по што ја испрати и првата порака со која ги разгоре страстите во Мадрид и Каталонија. Дефанзивецот порача дека преку победата над Реал, Барса се враќа на старите победнички денови од ерата на Меси и компанија.

„Се вративме назад“, порача кратко Пике.

 

 

Се вчитува...