Пике: Од ова што го гледам, Барса тешко дека ќе остане шампион

Барселона ремизираше на тешкото гостување против Севилја, со што ја загуби пол-позицијата во трката за титулата во Ла Лига. Каталонците моментно имаат три бода предност пред Реал, но „кралевите“ утре гостуваат на Реал Сосиедад и со евентуална победа би се израмниле на врвот на табелата. Ако сезоната се заврши со вечните ривали на делба на првото место, титулата би му припаднала на Реал поради подобриот меѓусебен скор, доволна причина за нервоза во таборот на каталонскиот гигант.

„Да бидам искрен, Барса тешко дека ќе остане шампион. Веќе ништо не зависи од нас, не верувам дека ќе се загубат многу бодови до крајот на сезоната. Од ова што го гледам, нашите шанси не се големи, но сигурно ќе се бориме до крај“, истакна Пике по синоќешниот меч во Севилја.

Според каталонските медиуми, делот „од ова што го гледам“ се однесува на судиските одлуки во корист на Реал Мадрид, офсајдот на Бензема при првиот гол против Еибар, како и поништениот погодок на Валенсија на дербито во Мадрид.

Се вчитува...