Жерар Пике, новиот капитен на Барселона, покажа човечка големина кога беше најпотребно. Дефанзивецот се согласи да игра речиси бесплатно за да му помогне на клубот да регистрира нови играчи пред почетокот на сезоната во лигата.
Благодарение на неговиот потег, Барса успеа навреме да ги регистрира Депај и Гарсија, па и двајцата играа против Сосиедад, а тимот победи со 4-2.
„На крајот ни беше малку тешко, но во глобала беше одлична игра. Ја контролиравме 80 минути. Мора да бидете среќни по ваков натпревар. Имавме добро шоу и новите играчи добро се снајдоа“, рече Пике.
Жерар потенцираше дека и другите капитени и водачи на Барселона ќе се согласат на намалување на платата, како и тој.
„Јас сум роден тука, пораснав тука, бев навивач, а сега сум играч. Сакам да кажам дека бевме во контакт со капитените и тие исто така ќе го прифатат намалувањето на платите. Ова е семејство, сите сме заедно. Капитените имаат намера да се прилагодат на она што клубот го бара. Одлуката ја донесовме заедно и горди сме на тоа”, изјави Пике.
Инаку, Жорди Алба беше исвиркан неодамна за време на пријателскиот натпревар против Јувентус.
„Понекогаш има недоразбирање. Бев во контакт со другите тројца капетани и се редевме еден до друг во тој момент. Знам дека понекогаш луѓето добиваат информации што не се точни”, заклучи капитенот.
Тоа беше првиот натпревар без Лионел Меси.
„Знаевме дека луѓето ќе реагираат вака. Меси е најважниот играч во историјата на фудбалот, но ова е реалноста што се случува и мора да продолжите. Ќе бидеме многу конкурентни и оваа сезона, ќе се бориме за се. Без Лео нема да имаме талент како од порано, но сме обединети. Имаме цел и ќе сториме се’ за да ја постигнеме“, додаде тој.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА