Пике се избламира, потоп на Барса против Лeганес

Барселона повторно е нокаутирана во „Ла Лига“, откако каталонскиот гигант вечерва загуби на гостувањето против Леганес со 2-1, меч што го одбележа катастрофалната грешка на Жерар Пике при победничкиот гол за домашниот тим.

Барса имаше водство по првиот дел со прекрасниот волеј на Кутињо, Меси ја погоди гредата и се чинеше дека вторите 45 минути ќе бидат рутина. Сепак, Леганес го докажа спротивното откако за само неколку минути направи целосен пресврт. Најпрвин Ел Жар го совлада Тер Штеген за 1-1, за веднаш потоа да биде комплетиран пресвртот, Пике му ја даде топката во нозе на Оскар Родригез, а овој без многу мака го искористи подарокот, од петнаесетина метри биејќи од прва во мрежата на Барса.

Валверде го пушти Суарез на терен на местото на индиспонираниот Мунир, потоа во игра влегоа и Малком и Жорди Алба, но Барса се мачеше да наметне иницијатива. Единствените две шанси во рок од неколку секунди ги пропуштија Кутињо и Ракитиќ, кои одлично шутираа, но домашниот голман со две извонредни интервенции си ја сочува мрежата.

Се вчитува...