Пике: Се срамам, нешто мора да се менува од корен

Жерар Пике беше крајно разочаран по вечерашното фијаско и поразот на Барселона од Баерн Минхен од 2-8. Шпанскиот дефанзивец порача дека на клубот му се неопходни коренити промени, меѓу редови барајќи и оставка на претседателот Бартомеу, истакнувајќи дека со смена на тренерот Сетиен нема да се постигне ништо.

„Ова е ужасно, не сум се чувствувал полошо во животот. Се срамам, не може да играш важен натпревар во ЛШ на ваков начин. Сите треба да се замислат, нешто мора да се менува од корен. Потребни се промени во клубот и не зборувам за тренерот или за играчите. Не сакам да покажувам со прст кон никого, но сметам дека на Барселона и се потребни промени на секое ниво. Никој не е незаменлив, јас прв се пријавувам да си заминам ако тоа е за доброто на Барса. Сите треба да се погледнеме во очи и да прифатиме дел од вината, бидејќи е допрено дното“, истакна Пике.

Јасно е дека Сетиен нема да го преживее ова фијаско, но останува да се види дали Бартомеу ќе успее да издржи да остане на чело на клубот.

Се вчитува...