Пике со поддршка до Умтити: Не знам зошто го свиркаат навивачите

Фановите на Барселона воопшто не се среќни што во својот тим го имаат Самуел Умтити, кој беше еден од играчите ставен на трансфер-листата, но не прифати да си замине од клубот на Каталонија.

Французинот го навлече гневот кај навивачите и поради тоа што не сакаше да се согласи на намалување на својата плата за разлика од Жерард Пике, Серхио Бускетс и Жорди Алба. Навивачите често го обвинуваат него за заминувањето на Лионел Меси и добиваше свирежи за време на пријателските натпревари на тимот.

Пике како еден од капитените на тимот застана во одбрана на Французинот.

„Самуел Умтити е голем професионалец и нема пропуштено ниту еден тренинг. Впрочем, кој му го даде договорот? Претседателот, кој беше изгласан од нашите навивачи. Па зошто го свиркаме тогаш? Мислам дека луѓето треба да имаат поголемо разбирање. Тој си го одработува својот договор беспрекорно“, рече Пике за ситуацијата со неговиот соиграч.

Се вчитува...