Пике: Теренот беше катастрофален, ова е циркус или натпревар од Ла Лига?!

Барселона успеа да слави минимален триумф (0-1) на гостувањето против Валјадолид, а мечот се одигра на катастрофален терен на стадионот „Хозе Зорилја“. Новата тревната подлога е поставена пред само четири дена, а дефанзивецот Жерар Пике потенцираше дека постоел голем ризик од повреди.

„Раководството на Ла Лига не „продаде“ во САД, но претходно треба да види на какви терени се игра во првенството. Не разбирам, ова е циркус или меч од Ла Лига“, изјави Пике по мечот.

Барселона стигна до вториот триумф во шампионатот на Шпанија во воведните две кола.

Се вчитува...