Пике: Требаше да глумиме…

Барселона загуби важни два бода на гостувањето против Селта во Ла Лига. Каталонците ремизираа (2-2), па Реал со евентуална победа над Еспањол може да ги прескокне на табелата со два бода разлика.

Жерард Пике уште пред рестартот на сезоната истакна дека Барселона тешко ќе го освои насловот затоа што нема еднаква помош од судиите како Реал Мадрид.

По вчерашното реми Пике испрати слична порака објавувајќи на својот Твитер профил: „Требаше да глумиме. Да глумиме…“.

Се работи за песна на американскиот бенд МЏМТ, преку која Пике алудира на сомнителните ситуации кои се судат во корист на Реал Мадрид, наспроти нееднаквиот критериум од судиите кон Барселона.

Се вчитува...