Пикерот Владимир Бојаниќ потпиша двегодишен договор со ГРК Охрид

Владимир Бојаниќ е нов ракометар на ГРК Охрид. Одличниот пикер кој игра во два правци потпиша двегодишен со нашиот клуб, информираат од ГРК Охрид.

Бојаниќ има 28 години. Има богата кариера зад себе и е огромно засилување за сино-белиот тим. Доаѓа од шампионот на Турција, Бешикташ, а пред тоа настапуваше и во Партизан (Србија), Тримо Требње и Горење (Словенија) каде што има одлични настапи во ЕХФ Купот, како и за Војводина и Металопластика (Србија), додаваат од ГРК Охрид.

„Драго ми е што ќе бидам дел од овој проект. Се надевам дека ќе ја опрвдам укажаната доверба и дека ќе ја оствариме нашата цел, дека ќе растеме од година во година“, изјави Бојаниќ по потпишување на договорот.

Се вчитува...