Пикфорд одбрани пенал, Евертон дојде до триумф во финишот

Евертон успеа да стигне до значаен триумф на домашен терен совладувајќи го Кристал Палас со 2-0. „Карамелите“ стигнаа до победата во самата завршница, со головите на Доминик Калверт – Левин во 87.минута и на Ченк Тосун две минути подоцна.

Но, херој на Евертон е и голманот Џордан Пикфорд, кој во 59.минута му одбрани пенал на Лука Миливојевиќ.

Се вчитува...