Драган Стојковиќ Пикси е на листата на потенцијални кандидати за нов селектор на Шкотска, репрезентација која ќе биде противник на Македонија во новата сезона од Лигата на нации.
Заминувањето на 62-годишниот Стив Кларк како селектор на Шкотска ја натера репрезентацијата да бара нов тренер. Кларк ги предводеше Шкотланѓаните на три големи натпреварувања, но одлучи да се повлече по елиминацијата во групната фаза на Светското првенство.
Работата на селектор на Шкотска е далеку поатрактивна сега отколку кога Кларк беше назначен во 2019 година. Ова во голема мера се должи на фактот дека поранешниот помошник на Жозе Мурињо во Челси и Кени Далглиш во Ливерпул ја оживеа репрезентацијата водејќи ги Шкотланѓаните до две Европски првенства и едно Светско првенство.
Шкотланѓаните сега бараат идеален наследник на Стив Кларк. Медиумите им даваат најголеми шанси на поранешниот менаџер на Селтик, Тотенхем и Нотингем Форест и поранешниот селектор на Австралија, Енџи Постекоглу. Многумина во Шкотска, пак го сакаат нивниот сонародник, менаџерот на Евертон, Дејвид Мојес, да ја предводи репрезентацијата. Се споменува и помошникот на Кларк, Стивен Нејсмит, како и Драган Стојковиќ Пикси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
