Драган Стојковиќ Пикси е кандидат за нов тренер на Лудогорец, а клубот од Разград, покрај поранешниот селектор на Србија, разговарал и со Дејан Станковиќ.
Лудогорец остана без шеф на стручниот штаб по заминувањето на Томас Рајс, откако Трабзонспор ја активираше клаузулата за негово ослободување во висина од еден милион евра. Бугарскиот клуб потоа започна потрага по негов наследник.
Според информациите на бугарскиот весник „Тема Спорт“, за време на викендот се воделе сериозни разговори со Станковиќ и со Стојковиќ. Сепак, до договор не дошло бидејќи двајцата српски стручњаци поставиле услови што Лудогорец засега не може да ги исполни. Детали за нивните барања не се објавени.
Пикси е без тренерски ангажман откако ја напушти репрезентацијата на Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
