Пикси им ја откри на Италијанците најголемата глупост што ја слушнал за играта на Србија

Тренерот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, во интервју за италијанската „Газета дело спорт“ зборуваше за најголемата глупост што вооптшо некогаш ја слушнал за играта на неговата селекција.

Популарниот Пикси не ги штедеше комплиментите кон своите фудбалери, а посебно го истакна Сергеј Милинковиќ Савиќ.

„Сергеј е светска класа. Можеби во Србија имаше луѓе кои сметтаа дека Тадиќ и Сергеј не можат да играат заедно. Сепак, ова се големи глупости. Во мојот тим секогаш има простор за големи играчи. И двајцата се почетници и секој може да види за какви таленти се работи“, додаде Стојковиќ.

Стојковиќ му испрати и совет на Душан Влаховиќ, кој дефинитивно доминира во Серија А како прв стрелец. Тој потенцираше дека најдобро за Влаховиќ е да остане во Италија, но да го промени тимот.

„Влаховиќ е фантастичен напаѓач, голем професионалец, млад човек со нозете цврсто на земја. Никогаш не сум имал проблем со него, бидејќи е многу интелигентен. Кога дебитирав на клупата на Србија против Ирска, веднаш го вклучив меѓу стартерите, оставајќи го на клупата нашиот најдобар голгетер Митровиќ. Победивме, а Влаховиќ даде гол. Имам само еден совет за Душан Влаховиќ – Треба да размислува да го промени тимот, но да остане во Италија. Серија А е најдоброто првенство за неговиот понатамошен напредок и развој. Ќе дојде време да се испроба и во другите лиги“, изјави Стојковиќ.

Се вчитува...