Пикси извиси, Корејците избраа Шпанец за нов селектор

Јужна Кореја избра нов селектор, но тоа нема да биде Драган Стојковиќ – Пикси откако пред десетина дена беше најавено дека српскиот стручњак е голем фаворит да седне на клупата на оваа селекција од Азија.

Корејците долго размислуваа и на крајот се решија да доведат шпански стратег, избирајќи го поранешниот шпански селектор Роберт Морено за нов селектор. Тој доаѓа на местото на Хонг Мјунг Бо, кој доби отказ по неуспехот на СП 2026 каде корејскиот национален тим не успеа да ја мине групната фаза.

Морено во 2019 година седеше на клупата на „црвената фурија“ откако Луис Енрике си замина привремено поради лични причини. Енрике подоцна се врати за да ја води Шпанија на ЕВРО 2020, по што Морено се насочи на клупскиот фудбал, но без поголеми успеси како предводник на Монако, Гранада и на рускиот прволигаш Сочи.

Се вчитува...