Драган Стојковиќ – Пикси зрачи со оптимизам на петнаесет дена до почетокот на ЕВРО 2024. Србија разочара на последниот мундијал во Катар не успевајќи да се пласира во нокаут-фазата, но селекторот е оптимист дека овојпат ќе успее во таа задача, преку групата во која се наоѓаат Англија, Данска и Словенија.
Нашиот северен сосед настапот на европскиот шампионат го почнува токму против Англија, а селекторот најавува жестока борба.
„Секако дека ги имаме сите податоци, добро ги анализиравме. Англија како Англија, тоа а една од оние две-три селекции што можат да го кренат пехарот. Сепак, тие не се вонземјани, па да се плашиме од нив. Сите селекции имаат свои квалитети, така и ние, имаме свои силни страни што ќе настојуваме да ги потенцираме на овој шампионат. Фудбалот е игра од по десет играчи во поле плус по еден голман на двете страни, очекувам да се спротивставиме на фаворитот во првото коло. Моја искрена желба е да стигнеме најмалку до четвртфиналето на ЕП. Знам дека делувавме „килаво“ во последно време, но јас верувам дека ќе имаме добар настап на овој европски шампионат“, изјави српскиот селектор на денешната прес-конференција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА