Пикси останува селектор на Србија до 2026 година

Фудбалскиот сојуз на Србија и селекторот Драган Стојковиќ Пикси постигнаа договор за продолжување на соработката до Светското првенство во 2026 година. Она што се навестуваше по пласманот на „орлите“ на ЕВРО 2024 денеска пристигна како потврда од Српската фудбалска федерација.

Се очекуваше дека Стојковиќ ќе го продолжи мандатот бидејќи за првпат по 24 години врза две големи натпреварувања со Србија: СП во Катар во 2022 година и ЕВРО во Германија во 2024 година. Покрај тоа, тој ја однесе Србија од „Б“ во „А“ дивизијата на Лигата на нации.

„Во улога на селектор на нашата А репрезентација, Драган Стојковиќ и овозможи на Србија за прв пат да комбинира учество на две големи натпреварувања (СП во Катар и ЕП во Германија), покрај ова, постигна успех и во Лигата на нации (се пласираше во елитниот ранг) и ја доби довербата од раководството на нашата организација да продолжи со својата работа и по Европското првенство во Германија“, се вели во соопштението на ФСС.

Се вчитува...