Пикси останува селектор на Србија најмалку до 2026 година

Извршниот одбор на фудбалскиот сојуз на Србија, го потврди продолжувањето на соработката на селекторот Драган Стојковиќ-Пикси. ФСС пред неколку дена соопшти дека Стојковиќ се согласил на продолжување на договорот, но одлуката мораше да ја потврди Извршниот одбор.

После седницата одржана утрово, и дефинитивно е јасно дека Стојковиќ и натаму ќе остане селектор на Србија, најмалку до 2026 година.

Вчера се појавија информации дека работата се изјалови околу цифрата, односно 1 милион евра ако Стојковиќ добие отказ порано, но сега се е веќе договорено.

Србија ќе учествува на престојното Европско првенство, и ќе биде во групата Ц со Англија, Словенија и Данска.

Се вчитува...