Пилотот бил дезориентиран: Откриени последните моменти од кобниот лет на Коби

Пилотот Ара Зобајан сам одлучил да лета под лоши временски услови по што следеше хеликоптерската несреќа во која животот го загуби Коби Брајант, неговата ќерка Џана и уште шест лица.

Според последните детали од истрагата, крајно лошите временски услови кумувале на несреќата која го шокираше светот. Извештајот на Националниот одбор за сигурност во сообраќајот на САД открива дека пилотот бил крајно дезориентиран.

Во извештајот на 1700 страници се тврди дека пилотот Зобајан го спуштил хеликоптерот директно во ридовите покрај Лос Анѓелес затоа што погрешно ги перцепирал агловите на кои се спушта и врти, што се случува кога пилотите станат дезориентирани при слаба видливост. Зобајан не бил свесен дека ги носи сите во смрт, се вели во извештатјот од Националниот одбор за сигурност.

Се вчитува...