Пилотот Ерик Свафер спречил далеку поголема трагедија во Лестер

На кобниот лет во кој загина сопственикот на Лестер, тајландскиот милјардер Вишаи Шривадханапрабха во хеликоптерот беа и неговите блиски соработници Нурсара Сукнамаи и Кавепорн Пунпаре, како и пилотите Ерик Свафер и неговата партнерка Изабела Роза Лехович од Полска, исто така пилотка. Сите пет загинати.

А, како што пренесува англиската полиција, трагедијата можела да биде уште поголема доколку не било искуството на пилотот Ерик Свафер. Во моментите кога откажал моторот на хеликоптерот, според тврдењата на сведоците, истиот се насочувал паѓајќи кон блискиот парк околу стадионот каде имало илјадници луѓе кои го напуштале натпреварот меѓу Лестер и Вест Хем. Но, Свафер се одлучил да го пренасочи хеликоптерот кон празнииот простор меѓу паркингот на стадионот, на тој начин избегнувајќи трагедија од далеку поголеми размери.

Ерик Свафер имал повеќе од 20 години искуство во летањето. Управувал со приватни авиони и хеликоптери…

„Беше искусен пилот, знаеме дека направил се што можел да ги спаси сите во хеликоптерот“ – велат негови колеги пилоти.

Во хеликоптерот беше и неговата партнерка, исто така пилотка, Изабела Роза Лехович која со него го пропатувала целиот свет. Живееле заедно во Англија. Изабела поради него и се преселила од Полска во Англија.

„Со огромна тага објавуваме дека во несреќата во Лестер загина и Изабела Роза Лехович“ – објавија од полската амбасада.

А, што точно се случувало во кобниот лет, сепак, останува да биде прецизно соопштено по комплетирањето на целата истрага.

Се вчитува...