Пиоли го обвини судијата: Чакир ја пресуди нашата судбина

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли го изрази своето мислење за работата на главниот судија на натпреварот од 2.коло од групната фаза на сезоната во Лигата на шампионите со Атлетико Мадрид (1:2).

Пиоли јасно го изрази своето незадоволство, па потенцираше дека главниот судија воопшто не бил на висина на задачата.

„Мислам дека главниот судија на натпреварот немаше најдобра ноќ … Бевме казнети. Јасно е дека со десетмина на теренот мораше да се преструктуираме, издржавме и сеуште бевме блиску до позитивен резултат. Ова е разочарувачки. Тоа не е ниту пенал ниту црвен картон, секоја контроверзна ситуација не беше протолкувана во наша корист. Малку повеќе концентрација и Милан можеше да победи. Ни недостасуваше нешто, ова треба да не натера да сфатиме дека сме конкурентен тим. Последните денови беа доста тешки за нас во однос на календарот, утре треба да почнеме да размислуваме за мечот со Аталанта, иако натпреварот со Атлетико ни одзеде многу од нашата сила, и физички и морално“, изјави Стефано Пиоли.

Средбата во Милано ја судеше Чакир од Турција кој во 29. минута го исклучи Кеси , а Милан остана со играч помалку, а во дополнителното време досуди пенал за Атлетико кој го реализираше Луис Суарез и донесе победа за Атлетико.

Се вчитува...