Пиоли: Интер има апсолутен квалитет…

Со доаѓањето на Стефано Пиоли на тренерското столче на Интер, тимот од Милано почна да прикажува одлични резултати и вчерашната победа над Палермо, беше седма на последните осум натпревари во Серија А. Стратегот на „нероаѕурите“, Стефано Пиоли има причина да биде задоволен од моменталната форма на тимот и верува во квалитетот на екипата.

„Интер поминува низ еден позитивен период од шампионатот и навистина сум среќен поради тоа. Блискиот однос и начинот на работа се причините за успехот на клубот во последните неколку месеци. Очигледна е желбата да се напредува помеѓу фудбалерите и овој тим има голем квалитет и треба да продолжиме да чекориме по истиот пат“ – истакна Пиоли.

На почетокот на оваа сезона во Серија А, Интер прикажуваше лоши резултати и тоа наиде на многу критики од навивачте на клубот, но екипата успеа да ги консолидира својата игра и моментално е на петтата позиција на табелата со 39 бода.

Се вчитува...