Пиоли ќе ги одмори „ѕвездите“ на Милан против Калјари

Стефано Пиоли се подготвува за сериозен ремонт во стартната екипа на Милан за утрешниот дуел со Калјари, најавува „Скај Италија“ повикувајќи се на извори од стручниот штаб на „росонерите“.

Второто место на табелата е речиси осигурано, па Пиоли е решен да им даде шанса на дел од резервните фудбалери, оставајќи ги на клупата главните „ѕвезди“ во тимот. Првиот голман Мењон дефинитивно нема да настапи, додека Рафаел Леао по разочарувачкиот настап со Џенова и свирежите кои ги доби од трибините утревечер ќе почне од клупата за резерви.

Покрај него на клупата ќе се најде и левиот бек Тео Хернандез, како и дефанзивците Томори и Калабрија, а се очекува по подолга пауза поради повреда да се врати Калулу.

Според „Скај Италија“, Милан ќе го стартува утрешниот дуел со следните единаесетмина: Спортиело, Калулу, Тиав, Габија, Флоренци, Рајнкерс, Бенасер, Муса, Чуквуезе, Пулишиќ, Жиру.

Се вчитува...