Пиоли: Натпреварот против Атлетико е важен, но не е одлучувачки!

Милан утре го чека тежок дуел против Атлетико од Мадрид во рамки на Лигата на шампиони, а во пресрет на овој меч своја изјава даде Стефано Пиоли, кој нагласи дека овој двобој ќе биде тежок, но не и одлучувачки за неговиот тим.

Милан во Серија А бележи одлични резултати, па фановите очекуваат нивниот тим да продолжи победнички и во елитното натпреварување, турнир на кој се враќаат по неколку години отсуство.

„Треба да ја одиграме нашата игра, предност е нашиот стадион и подддршката од навивачите. Против Атлетико ќе имаме важен натпревар но не и решавачки за поминување на колото. Сепак, ние сакаме да ја отстраниме нултата од нашата табела, а тоа значи дека треба да се потрудиме за позитивен исход“, изјави Пиоли.

Тренерот на тимот од Милано не штетеше комплименти за противникот од Шпанија, па потенцираше дека Атлетико располага со извонредни играчи кои со само еден потег можат да го решат мечот.

„Тие се многу силен тим, имаат неверојатен тренер, навистина играат на највисоко ниво. Ние мораме да одиграме технички многу високо, да бидеме фокусирани и внимателни во текот на сите 90 минути. Нивото во Лигата на шампионите е многу високо, деталите ја прават разликата. Ќе мора да играме едноставно, брзо, да не правиме грешки“, заклучи Стефано.

Инаку, дуелот меѓу Милан и Атлетико Мадрид е закажан за вторник (27.09.) од 21 часот.

Се вчитува...