Пиоли: Навивачите на Милан имаат право да бидат лути

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли го коментираше поразот од Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите, со кој неговиот тим се оддалечи од 1/8 финалето во Лигата на шампионите, а „виси“ и пласманот во Лигата на Европа.

На Милан сега му треба победа над Њукасл на гости, и пораз на ПСЖ на гостувањето во Дортмунд за да може да се најде на 2. место и да се пласира во следната фаза од Лигата на шампионите.

„Го загубивме натпреварот кога можевме да го насочиме според нашето сценарио. Така беше со пеналот, така беше една минута пред нивниот втор гол, кога можевме да поведеме. Кога нема да постигнеш гол и веднаш после тоа примаш, тоа ти го крши духот. Загубата на Тиао секако влијаеше на рамнотежата на одбраната. Требаше подобро да се браниме. Разочарувачка вечер. Знаевме дека имаме одлична можност и тоа ни тежеше. Сега наша должност е да одиме во Њукасл, да одиграме добар натпревар и да се обидеме да победиме. Имаме уште мали шанси за плејоф. Тешко е да се најдат зборови. Мислам дека на навивачите не им треба никаква порака. Тие имаат право да бидат лути, да се чувствуваат разочарани, а ние имаме обврска да играме подобро затоа што против Борусија не се претставивме како што сакавме, изјави тренерот на Милан.

Се вчитува...