Пиоли за групата во ЛШ: Ние сме Милан, ќе се обидеме да направиме големи нешта

Милан по пауза од седум години се враќа во Лигата на Шампионите, но на „росонерите“ нема да им биде нималку лесно бидејќи ждрепката им ја донесе „групата на смртта“ со Атлетико Мадрид, Ливерпул и Порто.

Во пресрет на предизвикот за медиумите говореше тренерот Стефано Пиоли кој вели дека Милан во секое натпреварување влегува со најголеми амбиции.

„Тоа е инспиративна и прилично тешка група, но ние сме Милан и логично е самото име да не обврзува во секое натпреварување да влегуваме со најголеми амбиции. Во група сме со клубови кои испишуваат историја, не треба ни да напоменеме дека тоа се четири клубови кои заедно имаат 15 трофеи во Лигата на Шампионите. Не можеме да го дочекаме почетокот на натпреварувањето. Ќе се обидеме да направиме големи нешта“, изјави Пиоли.

Се вчитува...