Пиоли: Цело време ги правиме истите грешки

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли изрази разочарување по „ремито“ 2-2 на гостувањето кај Лече. „Росонерите“ имаа водство од 0-2 на паузата, но потоа домашните стигнаа до израмнување, а потоа пропуштија неколку добри шанси за победа. Во судиското надополнување постигнаа и гол, но им беше поништен.

Пиоли напомена дека на тимот постојатно му се повторуваат истите грешки.

„Во вториот дел одигравме хаотично, онака како што сме навикнати. Требаше подобро да ја контролираме играта, и пропуштивме шанси да дојдеме до 0-3. Затоа продолживме да ги правиме истите грешки. Бевме премногу оддалечени и многу хаотични, не добивме меч кој моравме да го добиеме“, рече Пиоли.

Се вчитува...