Пиоли за трагедијата: Го видов Астори како лежи, мислев дека спие…

Шефот на стручниот штаб на Фиорентина, Стефано Пиоли, за првпат јавно проговори за случувањата во хотелот „Ла ди Морет“ во Удине, каде капитенот на овој тим Давиде Астори беше пронајден мртов утрото пред дуелот со Удинезе.

Цела фудбалска Италија беше во шок поради прераната смрт на одличниот дефанзивец, а еден од оние кои најтешко се справија со загубата сигурно е токму Пиоли.

„Ме повикаат тим-менаџерот Алберто Марангон и докторот Лука Пенге да дојдам во собата 118. Дојдов се уште облечен во пижами, а таму беше голманот Спортиело. „Мистер, Давиде си замина“ – ми рече, а јас ништо не го разбрав што ми зборува. Влегов и го видов Давиде како лежи на креветот, помислив дека спие, а потоа ги забележав Алберто и Лука како плачат крај него. Најтешко од се беше да им се соопшти тажната вест на сите останати, тоа е нешто што не го посакувам никому… Сите бевме во шок, само молчевме и одвреме навреме ќе се прегрневме, никој не можеше да изусти ниту збор. Добро е што имаше пауза од една седмица, но шокот се уште е огромен, слободно можам да кажам дека Астори се уште ми недостига како првиот ден“ – изјави стратегот на Фиорентина.

Се вчитува...