Пионерите на Алкалоид се шампиони на Македонија

Тимот на Алкалоид го освои пионерското првенство на Македонија, откако во финалето на Ф4 турнирот во Автокоманда, го совладаа составот на Охрид со 28-20.

Најефикасен стрелец во финалето беше Иван Велков кој постигна осум голови, додека шест постигна Петар Митев.

Најдобар голман на настанот беше Мартин Пандиловски, а МВП беше Петар Митев, двајцата од РК Алкалоид.

Во „ол-стар“ тимот од нашата екипа се најдоа Мартин Пандиловски (голман), Иван Великов (десен бек) и Владимир Николовски (пивот), а исто така тука беа и Христијан Ангеловски (лево крило), Горјан Петрушевски (лев бек) и Емануел Вумвулакис (десно крило) од РК Мулти Есенс.

Се вчитува...