Пионерите на Работнички први на турнирот „Пирин“ во Банско

Пионерите на Работнички, генерација 2006 година постигнаа голем успех на меѓународниот турнир „Пирин“ штo се одржа во бугарскиот град Банско на кој учествуваа 10 екипи од балканските држави. Работнички го освои првото место совладувајќи ја во финалето екипата Локомотив од Софија со 1-0.

Пред тоа во група ги победија клубот Банско со 5-2, Локомотив со 2-1 додека со романската екипа Клуж играа нерешено 0-0. Најефикасен кај Работнички беше Димитри Михајлов кој на четири средби постигна три гола. Тренер на оваа генерација на пионери е поранешниот играч на Работнички Баже Лазаревски. Освен тоа голманот на Работнички, Амир Хаџибулиќ, беше прогласен за најдобар на турнрот.

Во Банско настапија и пионерите на Работнички родени 2007 година кои го освоија третото место. Тренер  на овие пионери е Дејан Цветковски.

М.М.

Се вчитува...